СДСМ во Куманово ја подготви советничката листа

Од:

СДСМ во Куманово синоќа ја усвои листата на кандидати на советници за претстојните локални избори. По изборната конференција носител на листата е Максим Димитриевски, а по него следат и кандидати од коалиционите партии на НСДП, ЛДП, ВМРО-НП и Обедитени за Македонија.

Претседателката на СДСМ, Снежана Захариева истакна дека предложените кандидати со акламација биле изгласани од делегатите на конференцијата.

-Во исклучително деликатна политичка состојба во државата, во која сите посакуваа неединство и распад на СДСМ, ние демонстриравме максимално единство и кооперативност, кога се во прашање интересите на партијата. Верувам дека тоа ќе го покажеме и на 24-ти март на денот на изборите, кога масовно ќе дадеме поддршка на нашиот кандидат за градоначалник и советниците, со што ќе докажеме дека Куманово останува бастион на СДСМ и неостварена желба на ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички опоненти- изјави Захариева за „Куманово њус“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема