СДСМ: ВМРО кочничарска ДПМНЕ блокира се што е добро за граѓаните и државата

Од:

„Како што паниката од извесниот пораз расте во белиот дворец, така кулминира и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ кочничарска.

Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат носењето на законските измени за зголемување на пензиите за 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.“, велат од СДСМ преку соопштение.

„Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

Ја кочат и демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица. Знае Мицкоски дека граѓаните не го сакаат и затоа не сака отворени листи, затоа што се плаши од гласот на граѓаните.

Го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО. Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството.

Им пречело уставното име на земјата, истото име кое не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО настани потпишани под името Северна Македонија.

Покажаа и дека се против Законот за висока раководна служба. ВМРО ДПМНЕ е против деполитизацијата и професионализацијата на јавниот сектор.

Но, најстрашно е што не знаеме за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Немаат програма на 3 месеци пред избори. Наместо реална програма Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати

ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа ќе изгубат на 12 април.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија