СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништено зеленило и загаден воздух

Од:

„Висока аерозагаденост, уништено зеленило, безидејност и игнорирање на проблемот со загадувањето е сликата што зад себе ја остави децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО ДПМНЕ.

За разлика од таквиот неодговорен однос кон животната средина на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која нема идеја ниту визија, Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје, општините и сите надлежни институции со голема сериозност пристапуваат кон решавање на проблемот со загадувањето.

Акцијата за засадување продолжува на територијата на општина Аердром, преку засадување на 1.800 високостеблести. Вакви акции постојано се спроведуваат и веќе се реализираа на повеќе локации во Скопје, во општините Карпош, Сарај, Ѓорче, како и на други локации.

Овие еко акции се дел од планот до крајот на годинава да се подигнат и реконструираат околу 130.000 квадратни метри зелени површини од страна на Град Скопје што претставува рекордна зелена површина уредена во една календарска година.

Од страна на град Скопје продолжува и поставувањето на прочистувачи на воздух во средните училишта. Обезбедени се 527 прочистувачи за сите 23 средни училишта. На овој начин се овозможува почист воздух и поздрава училишна средина за околу 22 илјади ученици .

Во тек се активностите и за реализацијата за изградба на гасоводна мрежа, за чија потреба првпат е формирано градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.

Покрај гасоводната мрежа како еден од клучните начини на намалување на загадувањето на воздухот, се субвенционираат и трошоците за набавка на печки на пелети за еколошко затоплување на домовите.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции продолжува да го решава деценискиот проблем со загадувањето на централно и локално ниво, со цел почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“