СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради само седум километри автопат и бандери на среде пат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат, велат од СДСМ преку соопштение.

„Не се тоа „проекти“ како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки.

Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните.

Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради итн.

За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и автопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба.

Решени се сите проблеми и на Автопатот Кичево-Охрид.

СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план!

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања