СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Собрание да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

Од:

Во период на светска економска и енергетска криза нема време за собирање ситни политички поени, туку е потребна посветеност и работа од сите општествени и политички чинители. Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да почне со работа во интерес на граѓаните. Партијата предводена од Христијан Мицкоски во Собранието треба да ги одблокира законите што ги кочи со месеци, а се во интерес на граѓаните и полесно пребродување на енергетската криза, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Во соодветните комисии и на пленарните седници треба да бидат одблокирани Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, кој што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза.

Потоа Законот за енергетика и неговите соодветни измени и Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза.

Справувањето со последиците од кризата бара заедничка работа и посветеност, еве можност ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да стане дел од процесот на решенија за надминување на последиците од кризата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски