СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет потврдуваат дека се против сѐ што е во интерес на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет потврдуваат дека се против се` што е во интерес на граѓаните, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО – ДПМНЕ претходно покажаа дека се против минималната плата, против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните.

Времето на превработување на администрацијата поради партиски цели и добивање на повеќе гласачи за избори ќе остане запаметено како времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, секоја институција вработува според индивидуалните потреби, дали за нови работни позиции поради зголемен обем на работа и формирање на нови сектори, како и замена на постоечките со нови вработени поради пензионирање.

Институциите денес, работат професионално, отчетно и одговорно, без притисоци закани, уцени и бркање од работа како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ изгубија на последните избори поради тие причини и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април.

Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време