СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, во континуитет посветени се на блокади, деструкции и искористување на овој орган исклучиво за лични и партиски интереси“, соопшти СДСМ.

„Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на член на Комисијата за избори и именувања и не дозволуваа волјата на гласачите да биде пресликана и во работните тела на Собранието.

Во изминатата година и пол ВМРО-ДПМНЕ блокира 30-40 закони кои се од суштинско значење за граѓаните.

Еден од законите кој ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат е Законот за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се корегира со пораст на минималната плата, а целата јавноста виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не усвојат овие измени.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокира Законот за служба на Армијата, односно решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години.

ВМРО-ДПМНЕ претходно се противеше на раст на минималната плата, нивните функционери заплашуваа дека ќе колабира домашната економија ако минималната плата се покачи.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против итересите на граѓаните и интересите на државата како ниедна друга опозиција во светот.

СДСМ и парламентарното мнозинство имаат одговорност да овозможат нормална работа на Собранието и неговите работни тела.

За нас, интересите на граѓаните се на прво место и ќе направиме се законите да бидат донесени и да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните.

Нема да дозволиме да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата