СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во 2019 беше најголемиот кочничар на напредокот, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат

Од:

„2019 година останува запаметена и по тоа што ВМРО-ДПМНЕ беше најголемиот кочничар на реформите, мерките и политики што се ви интеррес на граѓаните.

Фактите непобитно зборуваат дека заканата за иднината на земјата доаѓа токму од ВМРО-ДПМНЕ која се обидуваше да го закочи прогресот на сите полиња.

Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери“, велат од СДСМ.

„Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци.

Кочат сѐ што значи повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во семејствата. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против унапредување на демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица, затоа што се плашат од гласот на граѓаните.

Не го поддржуваа ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството. Лицемерно велат дека им пречело уставното име, истото име под кое ВМРО-ДПМНЕ членува во Европската народна партија.

На скоро 100 дена до избори, не се знае за што се залагаaт ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. Освен блокади, кочења и деструкција, тие немаат програма, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните.

Затоа, на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов изборен пораз. На 12 април граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он