СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата и ги злоупотребува чувствата на граѓаните, истрагата тече, одговорност веќе има

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да ја политизираат несреќата и ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели на крајно низок и неморален начин“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Утврдувањето на причините за пожарот се само еден сегмент од истрагата, а во меѓувреме се уште се чекаат и резултатите од вештачењето на германските експерти.

Веќе има и одговорност од директорите на тетовската болница кои поднесоа оставки, а кои ќе бидат разрешени по изборите, согласно законите.

ВМРО-ДПМНЕ, неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски продолжува со своето деструктивно однесување на штета на граѓаните и здравствениот систем“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија