СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ троши милиони евра за пропаганда додека војниците спијат во шатори со вода

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ плаќа по 278 илјади долари месечно на лоби-фирми и преку нив сака да креира лажна слика за Македонија со нарачани текстови.

За шест месеци тоа се над 1.6 милиони долари или над 4.000 плати со просек од околу 350 евра!

Од каде им се на ВМРО-ДПМНЕ 1.6 милиони долари?

ВМРО-ДПМНЕ сака преку странски лоби групи и ПР компании да го прикрие криминалот и криминалните политики што го направи во последните 10 години преку нереални текстови, платени со парите на граѓаните.

Додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава, ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони евра.

dogovor3

Додека војниците на АРМ спијат во шатори полни со вода, додека нема лекови по амбулантите, ВМРО-ДПМНЕ троши милиони евра на пропаганда, платена со пари на граѓаните.

Бадијала му се на Никола Груевски странски лоби групи и ПР компании. Бадијала му се на Никола Груевски платени средби во САД каде што му кажаа дека треба се вратат демократските вредности во Република Македонија.

dogovor4

ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга којашто граѓаните едвај чекаат да ја затворат за никогаш повеќе да не се повтори.

На фер и демократски избори ќе се случат промени, промени со кои Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат минато а криминалците ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема