СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ Скопје го направи нефункционален град пред банкрот

Од:

Само една година беше доволна, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска да го направат Град Скопје, нефункционален град пред банкрот. Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект велат од СДСМ.

– Јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а потрошија најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса. Поради неспособноста и расипничкото трошење на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот. Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари. ВМРО-ДПМНЕ бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје. Граѓаните гледаат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт, што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива можност да управува со народни пари се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?