СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за партизацијата на сите државни и јавни институции нема никаков кредибилитет да зборува јавна администрација, велат од СДСМ.

Опозициската партија втор ден по ред, според СДСМ, извртува изјави и податоци и лаже дека ќе следувале масовни отпуштања на лица вработени во институциите.

Што ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатите години освен што од државните институции направи партиски испостави? Каков план нуди ВМРО-ДПМНЕ денес за администрацијата, освен што секојдневно шири лажни вести?, прашуваат од СДСМ. 

“Заврши времето кога се криеше бројот на вработени во јавната и државната администрација, кога институциите беа претворени во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со заминувањето на таа партија во опозиција.

Денес, со започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат, процесот на вработувања во државните институции се одвива според годишните програми и потреби на институциите, а дел од вработувањата се со цел подобрување на состојбите во институциите во кои постои сериозен недостиг на кадар.

Граѓаните да останат смирени, ниту имало, ниту ќе има масовни отпуштања од администрацијата
како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Реформите продолжуваат, граѓаните ќе ги видат резултатите, се надминува состојбата што ВМРО-ДПМНЕ ја остави зад себе а која е неодржлива.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ нека се подготви за пораз во недела како на претседателските, така и на локалните избори.”, порачува СДСМ. 

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он