СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и злоупотребува приватни семејни односи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ а особено пратеничката Благица Ласоска, треба да се извини за гнасните конструкции, кои синхронизирано ги шири и надградува преку медиумите блиски до оваа партија, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Толку е очајно ВМРО-ДПМНЕ, соочена со поразот што ги чека, што шири лаги и злоупотребува приватни семејни односи.

Пратеникот Костадин Ацевски и неговата сопруга најостро ги демантираа и ги осудија пласираните невистини од ВМРО-ДПМНЕ за наводно семејно насилство во домот на пратеникот.

Тоа е целосна лага, срамна злоупотреба на деца, семејни односи и недоразбирања во дневнополитички цели.

Ацевски и неговата сопруга веќе дадоа изјави, во кои потврдуваат дека не се случило никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство.

СДСМ е одговорна партија, против секаков вид на насилство и имплементира мерки политики за унапредување на родовата еднаквост и градење на едно општество за сите граѓани, без дискриминација.

Сексизмот, шовинизмот и дискриминацијата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и портпаролот Наум Стоилковски неодамна срамно, неодговорно и недолично, јавно ги омаловажуваше жените, пред се жените на јавни функции.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст