(ВИДЕО) Ласовска: Пратеничкиот имунитет не смее да биде заштита за тепач на жени и семеен насилник

Од:

„Згрозени сме и загрижени од веста објавена во медиумите дека пратеник од СДСМ во текот на вчерашниот ден си ја претепал сопругата. Во ек на 16 дена активизам против родовото насилство, функционери високи од власта тепаат жени.

Власта која лажно промовира родова еднаквост на дело покажува неказнивост за семејно насилство и сексуално малтретирање на работно место.

Пратеничкиот имунитет не смее да биде заштита за тепач на жени и семеен насилник. Ја повикуваме полицијата во најбрз можен рок да го расчисти овој случај и да поднесе соодветна кривична пријава“, рече Благица Ласовска, Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тепањето на жени од страна на функционери на власта ја покажува неказнивоста која мислат дека ја имаат. Ист е и така примерот со сексуалното насилство во станицата во Гази Баба, за која уште нема информации до каде е постапката.

Насилниците врз жени не смеат да останат неказнети. Доколку институциите не постапуваат и се обидуваат да ги спасат функционерите на СДСМ, тие ќе се соочат со кривична одговорност по промената на власта на 12-ти април.

Дополнително ги повикуваме и колешките пратенички на СДСМ да го осудат ова насилство и да побараат одговорност од пратеникот“, изјави Благица Ласовска, Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ