СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од ветинг и бара начин да не се спроведе за да може да ги закопа предметите на СЈО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека се плаши од ветинг на судиите и обвинителите, и изнесува лажни обвиненија на сметка на правосудниот систем во земјата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО_ДПМНЕ, преку соопштение..

„Од секој збор на ВМРО-ДПМНЕ на површина излегува стравот дека не успеаја да ги закопаат предметите на СЈО, туку тие и понатаму се во процедура.

Изгледа Мицкоски, кој, како што лажно тврди дека, докторирал во Германија или магистрирал во Италија, не ја разбрал темата за правосудството и продолжува со лагите кои стануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да шири лаги ВМРО-ДПНМЕ треба да одговори дали е вистина дека сега кога СДСМ најавува ветинг, Мицкоски во паника бара од преставник на меѓународната заедница во земјата, да не дозволи ветинг на судиите и обвинителите?

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го газеше поравниот поредок и го уништуваше судството преку партизација, со помош на Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, Вангеловски, Панчевски, Зврлевски… монтираше случаи и пресуди, со кои се пресметуваше со неистомислениците и ги штитеше криминалите на фамилијата.

СДСМ е за правна држава во која законите важат за сите.“, се нацедува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он