СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ги манипулира пензионерите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ги манипулира пензионерите. Сега фатена во лага власта на Груевски нема доблест ниту да им се извини за потценувачкиот однос кон нив.

Фактите говорат дека со укинувањето на законското усогласување власта не ги зголемува пензиите за 5%. Овој факт го признава и ВМРО-ДПМНЕ, индиректно со констатацијата дека вредноста на ова усогласување би било минимум 2% според нив.  А математички е докажано дека 5 минус 2 е 3.

Ако ја земеме предвид планираната инфлација од 2%, зголемувањето е незначително.

Ако власта имаше искрени намери, во измените, само ќе додадеше одредба за зголемување на пензиите за 5%, без укинување на усогласувањето за висината на пензиите“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за прес конференцијата на Јулијана Силјановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?