СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ садистичка продолжува да се изживува

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема став за клучните прашања на државата и покажува дека може да падне толку ниско ниско што ќе злоупотребува дури и несреќен случај, кој за чудо завршил без човечки жртви.

Ова садистичко однесување и изживување на ВМРО-ДПМНЕ говори дека партијата е целосно загубена.

Изнесените лаги веднаш беа демантирани од Министерството за земјоделство во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот кое што е јавно објавено со што се потврдува дека возилото е законски управувало.

Деталите за несреќата се објавени и во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поигрувањето со човечки животи, злоупотреби на несреќен случај од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ниско, срамно и недозволиво и ја покажува очајната состојба во оваа партија“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години