СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ садистичка измислува и најниско лаже

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ скандалозно и без грам почит и сочувство злоупотребува човечки судбини и семејни трагедии и истите ги врзува со непостоечки случаи.

СДСМ изразува длабоко сочувство до семејството и жали за загубениот млад човечки живот.

Како што беше и јавно соопштено денеска, ФЗОМ и надлежните институции ги презеле сите мерки, согласно целосно запазени законски процедури за вакви случаи, со висока итност за лекување. Трагедијата се случила и покрај брзата реакција на институциите.

Загубена, надвор од реалноста и од политиката ВМРО-ДПМНЕ-садистичка измислува и најниско лаже, парите не се причина за трагедијата.

Дополнително, ВМРО ДПМНЕ-садистичка зборува за расипништво токму од раскошниот бел дворец, стекнат во време на економски пустош кога граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

Јавните набавки преку кои денеска ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста, се јавни набавки што се за хортикултурно одржување и уредување на 20 државни објекти, низ целата државата, опфаќа ангажман на 25 лица, и се однесува на период од 3 години.

Не е тоа набавка на цвеќе.

Граѓаните ќе го ценат ваквото скандалозно, безобразно и садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он