СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ против 27.000 наставници, блокира повисоки плати со тензии во Собрание

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ со своето срамно и дрско однесување повторно ја блокираше постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисока плата, спречува трансформација на работниот однос на над 4700 наставници.

ВМРО-ДПМНЕ цела година спречува соодветно вреднување на трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

Ова покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

СДСМ и коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните.

Наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби