СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си поигрува со чувствата на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ како власт 11 години се изживуваше со граѓаните и нивните судбини, судството го држеше во заложништо и ја попречуваше правдата, а денеска како опозиција продолжува со ниското ниво и злоупотребата на човечки трагедии.

За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога премиерот беше и судија, обвинител и истражител заврши со заминувањето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власт и затоа денес опозициската партија продолжува очајнички да манипулира и да си поигрува со чувствата на граѓаните.

За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали коишто СДСМ ги поседуваше, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Наместо да се обидува да профитира од трагедии, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните органи целосно и до крај да го расветлат овој случај и сите оние кои биле вмешани во него, да се соочат со одговорност согласно законите“, се вели во соопштението на СДСМ, реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години