СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја злоупотребува пандемијата во дневно-политички цели

Од:

„Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, си продолжува со очајните обиди политички да профитира од коронакризата, да шири страв и паника кај граѓаните, злоупотребувајќи ги, за жал, починатите од последиците на ковид-19 и нивните блиски“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од ВМРО-ДПМНЕ видовме само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки.

Додека промовираа лажна загриженост за состојбата со коронавирусот, лажеа дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, тврдеа дека короната не постои, кочеа заем за опремување на болниците, ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките за заштита.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси, секогаш, во секоја ситуација ги става партиските интереси пред интересите на граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он