(ВИДЕО) Ѓорчев: 8.000 мртви од ковид е ужасот на Заев и Филипче

Од:

„Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од КОВИД. Тоа е огромна бројка. И тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош.

Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа.

Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл.

8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност