СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно во одбрана на криминалот, се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на страната на криминалот и криминалците. Нивниот портпарол јавно на прес-конференција се обиде да осуети и деконспирира полициска акција за апсење на наркодилери од Битола“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што објави и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, припадници на единицата „Тигар“ и припадници на СВР Битола вчера уапсиле две лица од Битола кај кои пронашле хероин.

Со ваквите потези, со јавно објавување фотографии и имиња на вработени во МВР, ВМРО-ДПМНЕ се стави во директна одбрана на наркодилери од Битола.

Додека полицијата апси и се бори против криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да саботира полициски акции и да брани криминалци, при тоа врзувајќи ги со дневна политика во страв од извесниот пораз што ги чека во недела.

Јасна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ и криминалците во државата, тоа го знаат и граѓаните, затоа во недела ги чека нов убедлив пораз на избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија