СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ потврди дека алармантно се намалува бројот на учениците

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција потврди дека алармантно се намалува бројот на учениците во последните 7 години владеење на Никола Груевски. Дури 27 илјади ученици помалку во основното образование!

Второ, ВМРО-ДПМНЕ призна дека нема решение за основните проблеми на граѓаните и сиромаштијата која ја создадоа нивните погрешни политики.

Загрижува фактот што власта не е подготвена да се преиспита. Наместо да го прикрива проблемот власта треба да се корегира, во интерес на граѓаните.

Уште колку млади луѓе треба да се иселат од Македонија за да се вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ дека вака не оди?

Младите се поретко се решаваат да основаат семејство а се повеќе да ја напуштат државата. Дури и цели семејства заминуваат од своето родно место.

После цели 7 години власт, вината за алармантната сосојтоба во државата, сиромаштијата, иселувањето, намалувањето на бројот на учениците, безперспективноста, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски треба да ја бараат само кај себе.

На граѓаните нема да им помогнат набрзина срочените прес конференции на ВМРО – ДПМНЕ со измислени тврдења за некакво 20 годишно владеење на СДСМ. Тоа е потценување на својот народ. Особено што во изминатите 20 години, ВМРО-ДПМНЕ е на власт дури 13 години.

Социјалдемократскиот сојуз уште еднаш повикува сериозно да се сфати состојбата. Власта веднаш треба направи анализа за причините и да се фокусира на приоритетите за граѓаните“, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ