СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ почна со барање алиби за поразот, поткупот и уцените се нивен заштитен знак, изборите ќе бидат фер, слободни и демократски

Од:

„Како што ќе наближува изборниот ден така ќе се засилуваат објавувањата на конструкции и измислици од белиот дворец, во обид да најдат алиби за убедливиот пораз што ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври. Откако СДСМ ја предводи владата и институциите сите изборни процеси се фер, демократски, слободни и тоа е оценето и од ОБСЕ/ОДИХР и од сите домашни и меѓународни релевантни организации“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Така ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше избори за што можеше целата јавност да чуе и преку објавените разговори и тоа граѓаните не го забораваат.

Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври по седми пат ќе ја поразат деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе им порачаат дека нема да се вратат назад во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и Најдоброто“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија