СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пак лаже, ниту еден пациент на Клиниката за хематологија не е оставен без терапија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ партијата без идеја, без план и програма кои би биле во интерес на граѓаните, продолжува да измислува проблеми и да шири лажни вести за здравството. Ниту еден пациент на Клиниката за хематологија, не е оставен без терапија, односно без потребните лекови, реагира СДСМ на изјавата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што е јавно соопштено, промена има само распоредувањето кое порано било на месечно, а сега е на неделно ниво, a по завршување на јавната набавка, лековите повторно ќе се распределуваат на месечно ниво.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да изнсува лажни вести поврзани со здравствениот систем, опозициската партија во неколку наврати лажеше за јавни набавки во здравството кои институционално беа демантирани Јавното обвинителство ја демантираше и лагата за јавна набавка на Клиниката за хематологија.

Според ОЈО, по постапувањето по допрен глас на Управата за финансиска полиција во врска со судир на интереси во јавна набавка на лекови на Клиниката за хематологија, утврдено е нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту пак има судир на интереси кај одговорните лица. Напротив, јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон.

Откако со години го урнисуваше здравствениот систем, денес ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести во обид да ги девалвира примените во здравствениот систем кои се во интерес на граѓаните и медицинскиот персонал.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија