СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со крајно неодговорно однесување нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси. Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не ѝ мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ велат од СДСМ.

– Изминатиот период јавноста е сведок на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции. Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура. Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи и тоа чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, а секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија се вели во соопштението од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара