СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту има капацитет да спроведе фер и демократски избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту има капацитет да спроведе фер и демократски избори.

Тој факт го потврдија најрелевантните меѓународни организации. Токму оценките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, содржани во Извештајот, како и изјавите на САД и ЕУ, покажаа дека на изборите не беа овозможени услови за елементарен демократски изборен процес.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР потврди дека за време на претседателските и парламентарните избори 2014 година:

– владејачката партија не прави разграничување на државните и партиските активности

– власта не обезбедува услови за рамноправен натпревар на сите политички партии

– дека најголемиот дел од медиумите се пристрасни, под контрола на власта и работат во нејзин интерес

– дека постои заплашување и притисок врз граѓаните

Токму затоа неопходно е формирање на техничка влада која ќе овозможи спроведување на нормални, фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски