СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за железницата

Од:

За цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не изгради ниту еден метар пруга, не реконструираше ниту еден железнички правец, ниту една железничка станица, регира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ буквално го игнорираше железничкиот транспорт, а протестите и блокирањето на пруги од страна на вработените во железницата беа речиси секојдневие. Затоа, денес ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за железницата.

Денес ВМРО-ДПМНЕ како по навика чека несреќи за да ги злоупотреби во дневно политички цели. Причините за оваа несреќа ќе ги утврдат надлежните институции. Добро е што нема жртви, факт е дека веднаш се реагираше и за брзо оспособување на пругата.

Факт е дека за само две години, Владата предводена од СДСМ направи многу повеќе за железницата отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.

За само две години: Се изгради пругата Битола-Кременица. Се гради пругата Куманово – Бељаковце, а во подготовка е пругата Бељаковце – Крива Пaланка. Реконструирани се 10 железнички станици, а 2,5 милиони евра се наменети за реконструкција на железничката станица во Скопје.

Потпишан е Договор за грант во висина од 68,6 милиони евра со Европската банка за обнова и развој, преку Инвестициската рамка на Западен Балкан на Европската Унија, наменет за изградба на железничката пруга за поврзување со Бугарија и со Албанија.

Наместо лажна загриженост ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и нека учи како се инвестира и развива железничката инфраструктура.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата