СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за дипломатија по скандалите што ги остави зад себе

Од:

Само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е пораз напредокот во евроинтеграциите, извесното членство во НАТО и интензивирањето на интеграцијата во ЕУ, реагира СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ, преку соопштение.

„За само две години од заробена држава, Северна Македонија стана светол пример во регионот. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ денес нема кредибилитет да зборува за дипломатијата и Министерството за надворешни работи.

Токму владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по урнисувањето на дипломатијата и МНР.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата во чие што владеење се поставуваа личности бе соодветно образование и искуствово директно на позиција директор за аналитика со високо дипломатско звање – ополномоштен министер, без дипломатски испит и без советнички испит што е предуслов за стекнување со другите повисоки дипломатски звања, а истата личност по само 11 месеци по приемот во МНР се упатува за шеф на дипломатско конзуларно претставништво како генерален конзул.

За време на целиот период од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ исклучително квалитетни дипломати со повеќегодишно, дипломатско искуство во МНР биле распоредувани на пониски позиции или биле „замрзнати“ на постојните позиции и не биле редовно унапредувани. Некои од дипломатите од групата на 100те најдобри студенти од УКИМ, останале повеќе од 12 години на почетните позиции.

Ова само мал дел од низата скандали предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ а кои со години беа секојдневие во МНР.

За разлика од таквиот однос, денес сите институции вклучително и МНР работат одговорно, совесно и исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Процесите на вработувања се одвиваат јавно, законски и за сите важат подеднакви услови и критериуми.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски