СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборот „одговорност“

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија се случува она што не беше замисливо во минатото: одговорност, отчетност, транспарентност, почитување на прописите и законите.

Нема повеќе недопирливи, нема „наши“, „ваши“, „нивни“, нема бегање од одговорноста, за секого важат истите правила.

Видлива е разликата меѓу одговорното однесување на Владата сега, почитувајќи ги правилата, процедурите, законите и дивеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборот „одговорност“ .

За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ криминалот на фамилијата беше под заштита на МВР, се проведе незаконско прислушување на илјадници граѓани, полицијата беше лева рака на злоупотребите и партизацијата, а министерството беше претворено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема повеќе МВРО-ВМРО. Времето на злоупотреби заврши одамна.

Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он