СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не даде бесплатен превоз за лица растени без родителска грижа постари од 18 години

Од:

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката група на СДСМ и коалициските партнери даде предлог за бесплатен автобуски превоз за лицата без родители и родителска грижа, и откако ќе наполнат 18 години, односно се до нивното прво вработување.
Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ без дискусија го одби овој предлог.
Наместо бесплатен превоз на овие лица, обезбеден е попуст за превозот од 50 проценти, соопшти СДСМ.

Партијата обвини за негрижа, оти парите што би се потрошиле за таа намена би биле многу помалку од 15,5 милиони евра наменети за Панорамското тркало.

„Со ова Коце Трајановски покажа дека само декларативно се грижи за граѓаните, бидејќи предлогот на опозицијата за бесплатен превоз ќе имаше минимални импликации врз Буџетот, а огромна ќе беше помошта за оваа категорија граѓани.

Предлогот за бесплатен превоз за лицата без родители е одбиен во време кога Коце Трајановски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат со панорамско тркало од 15.500.000 евра“, порача најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски