СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на дело да покажат дека сакаат да расчистат со 24-ти декември

Од:

СДСМ ги вложува сите напори што е можно побрзо да се формира комисијата за истражување на настаните од 24 декември, стои во писмената реакција на СДСМ на денешната изјава на премиерот Никола Груевски.

– Со денешната изјава Никола Груевски потврди дека за него се многу поважни  партиските интереси и криењето на вистината, отколку иднината на Република Македонија.

– Уште еднаш повторуваме дека ги вложивме и се уште ги вложуваме сите напори што е можно побрзо да се формира комисијата.

– До сега предложивме седум кандидати за претседател и прифативме еден предлог на ВМРО ДПМНЕ за претседател на ова тело. Затоа апелираме до ВМРО ДПМНЕ наместо лажна конструктивност на дело да покажат дека сакаат да се расчистат сите околности поврзани со 24 декември, стои во реакцијата.

Според СДСМ, власта од една страна јавно искажува конструктивност, а од друга страна бара начин да не се формира комисијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски