СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на чело со Аларова и Тодоровиќ го уништија Центар

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, 12 години имаа шанса да поправат ако нешто не им се допаѓало во општина Центар. Наместо тоа тие го уништија Центар. За тоа граѓаните ги казнија на Локалните избори, а како што тргнале да ја газат нивната волја и ќе продолжат да ги казнуваат.

– Наместо да држат прес конференции и повторно да зборат за минатото, советниците на ВМРО-ДПМНЕ подобро ќе беше да им помогнат на советниците на Сојузот за иднината во расчистувањето на последиците од вчерашното невреме.

Остануваат неодговорени клучните прашања:

1. Зошто луксузната зграда на СРД мора да се гради токму на локацијата кај Бристол, наместо во некоја друга скопска општина?

2. Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ сеуште не кажуваат кој им се заканил за да не присуствуваат на отворената седница на Советот на општината?

– Имаат уште два дена рок случајот да го пријават во полиција пред да им биде поднесена тужба за клевета“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Сашо Трпески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски