СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно и како се слуша гласот на граѓаните

Од:

„Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните.

Реални економски показатели ги побиваат лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто преку расипничкото и криминално владеење нанесе огромни штети врз македонската економија.

Рекордните 235 милиони странски инвестиции само во првиот квартал од годинава, растот на просечната плата на над 24 000 денари, порастот на извозот и растот на индустриското производство се само дел од низата економски показатели кои ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Не постои поголемо крадење од она што ВМРО-ДПМНЕ континуирано го правеше 11 години. По години назадување, економијата денес се стабилизира и тргнува во добар правец, а граѓаните ги чувствуваат придобивките од успешната работа на Владата предводена од СДСМ, којашто продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците