СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлага идеи за кои до пред неколку месеци сметаше дека се неуки и апсурдни

Од:

„Очигледно е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ преку предлогот за укинување на радиодифузната такса, да прикаже наводна загриженост за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ преку јавниот сервис 11 години вршеше пропаганда што ја наплаќаше од осиромашените граѓани, а на секој предлог на СДСМ за укинување на оваа давачка, силно се противеше.

Пред неполни два месеца, на 11 мај, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека преку укинувањето на радиодифузната такса, СДСМ сака да создаде целосна контрола врз МРТВ и зависност на МРТВ од Буџетот. Претходно, на 12 јануари, ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение сметаше дека предлогот на СДСМ за укинување на радиодифузната такса е „неука и апсурдна идеја на СДСМ“.

И за време на пржинските преговори, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше за предлогот за укинување на радиодифузната такса, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година ги отфрлија измените на Законот за медиуми предложени од СДСМ со кои се предвидуваше финансирање на јавниот сервис од Буџетот. Во 2012 година, ВМРО –ДПМНЕ не само што не ја укина, туку дополнително ја покачи радиодифузната такса.

Додека додека илјадници граѓани беа со блокирани сметки поради неможност да ја платат таксата, ВМРО-ДПМНЕ вршеше интензивна партиска пропаганда финансирана од парите на граѓаните. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира и да се обидува да профитира со предлози кои како дел од Програмата на новата Влада наскоро ќе се остварат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните