СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше општина Гази Баба и ја претвори во легло на непотизам

Од:

Освен што ништо не работи во првите месеци од мандатот, општинската администрација во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е легло на непотизам рече на прес конференција советничката од СДСМ во Гази Баба Сузана Трпковска.

-Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината. Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи. Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам. Ова е пример за непотизам, пример за груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани, вели Трпковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер