СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да се вклучи во работните групи со Бугарија, Мицкоски да каже што му одговорил на Петков

Од:

„Христијан Мицкоски нема државнички капацитет. ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат“, реагира СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна.

Мицкоски и должи на јавноста одговори што му кажа на бугарскиот премиер Петков за време на неговата средба.

Особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар