Мицкоски: Од наша страна преговараат луѓе кои не знаат што се преговори, туку само знаат да наведнат глава и по принцип на полжавот да стигнат до врвот

Од:

Јас сакам да бидам оптимист, бидејќи цело време сме оптимисти дека ќе има достоен договор, дека договорот ќе биде не едностран, туку ќе биде навистина пропорционален, но за жал досега тоа не се случи, иако не убедуваа порано дека ги решиле сите проблеми со соседите, а гледаме дека не се решени проблемите со соседите, туку сосема спротивно. Вака на денешната прес-конференција одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето дали е оптимист и што очекува од работата на комисиите кои се формирани за продлабочување на соработката со Бугарија.

Мицкоски исто така изрази и загрижување што во преговорите постојано се тргува со македонските преговарачки позиции.

„Мене повеќе ме загрижува што континуирано се тргува со нашите преговарачки позиции. Континуирано се лицитира со нешто што не треба да се лицитира. Така не се водат преговори, но ги разбирам. Преговараат луѓе коишто во животот не преговарале. Преговарале луѓе коишто во животот само знаеле што значи да наведнат глава и по принципот на полжавот да стигнат до врвот. Не знаат што значи навистински да се испреговара и да се успее во тие преговори“, истакна Мицкоски.

Тој исто така ја повика македонската јавност будно да го следи овој процес на преговори бидејќи како што се движат работите на Македонија не и се пишува добро.

„Треба јавноста, македонскиот народ будно да го следи овој процес затоа што вака како што тргнале работите мислам дека не ни се пишува на добро, но среќа што немаат две третини во Парламентот и ќе не можат некои одлуки да ги спроведат и среќа што нема повеќе такви коишто ги внесуваат и ги вадат од затвор за да можат да ги уценуваат“, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски