СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од Македонија направија корупциски пекол 

Од:

Со своето коруптивно однесување оваа власт дозволи корупцијата целосно да ги зграпчи државата и институциите.

Во Македонија над 500.000 граѓани се соочиле со барање на поткуп барем еднаш. Овој податок е шокантен и најдобро зборува на кој начин ВМРО-ДПМНЕ и осомничениот Никола Груевски владеат со Македонија.

Корупцијата во Р.Македонија расте за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако пред две години секој четврти полнолетен граѓанин се соочувал со директно барање на поткуп, оваа година секој трет граѓанин бил изложен на вакви незаконски дејствија.

Ова го покажува последната анализа на Меѓународниот центар за меѓународна соработка.

Институциите коишто треба да ги штитат граѓаните и да се борат против корупцијата станаа нејзини директни поддржувачи.

Слушнавме како осомничениот Груевски ја злоупотребува својата моќ и договара милионски провизии на штета на граѓаните, а директно за својот џеб.

Затоа тој и ги стави институциите под своја директна контрола, за да избега од правдата и одговорноста во спорведувањето на своите криминално-коруптивни зделки.

Одлучни сме сериозно да се справиме со корупцијата. Со заминувањето на оваа неодговорна власт граѓаните ќе добијат слободни и независни институции,  транспаретни и навремени информации и увид во работата на Владата.

Инсититуциите ќе бидат препознатливи по т.н„активна транспарентност“ што ќе значи објавување на нивните програми, предлог програми, стратегии, мислења, студии, трошоци на работење, акти и мерки со кои се влијае врз животот и работата на граѓаните и фирмите, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски