СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и најдобрата менаџерка ја претворија Зоолошка во хорор филм

Од:

Страшно и жално е тоа што се случува во скопската Зоолошка градина. Местото кое до пред три години беше на сите насловни страници во светските медиуми, кое беше пример за добар менаџмент и грижа за животните, ВМРО-ДПМНЕ и нивната најдобра менаџерка Данела го претворија во хорор филм, велат од СДСМ.

„Последните информации дека угинала слоницата Данела за која нема никаква јавна информација од кои причини е кулминација на негрижата и уништувањето на ова прекрасно место. Видеото кое кружи по социјалните мрежи од транспортот на животното до Дрисла е врв на иживувањето. Во последните месеци и години угинаа многу животни, две жирафи, тигар, коњи и други животни. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кои Данела Арсовска на граѓаните им ја продадоа како најдобрата менаџерка, а потоа се скараа заради бизнис интереси, треба да одговараат за оваа нечовечност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски