СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да излезат од матрицата на деструктивноста

Од:

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Мицкоски може да излезе на улица, но не може да излезе од криминалната и деструктивна матрица на Никола Груевски и неговите соработници.

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ се последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски, менторот на Мицкоски.

Пионот Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема идеја, нема програма, ниту план. Наместо тоа, нуди само деструкција, тензии и блокади.

Црнилата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско управување Владата предводена од СДСМ.

По 11 години криминал, корупција заробена држава, изолација и неизвесност, граѓаните ја поразија погубната матрица на Груевски. Македонија за нешто повеќе од една година е рамноправен партнер на демократскиот свет, држава во која институциите работат единствено за граѓаните.

Економските параметри покажуваат дека економијата расте, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, растат индустриското производство и извозот, се бележат рекордни износи на странски инвестиции.

Мицкоски внимателно нека следи и нека научи што е економија, што е демократија, интеграција раст и развој во сите сегменти на општеството“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците