СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

Од:

Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед, велат од СДСМ.

„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо. ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ