СДСМ: ВМРО ДПМНЕ ги блокира законите кои се однесуваат на промените во судството

Од:

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕја блокира работата на Собранието и кочи важни закони.

„Со недолично однесување, со закани за физичко насилство, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја блокираа седницита и расправата по Предлог Законот за Академија за судии и обвинители.

По кој знае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ партијатазаштитник на криминалот жестоко се спротивставува на процесот на јакнење на судскиот систем во државата.

Нема закон кој е од интерес на државата, од интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи и блокира.

Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на партијата предводена од Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Но ниту една блокада, ниту една закана од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството и градењето силен, независен и ефикасен судски систем кој неселективно се борит против криминалот и корупцијата“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените