СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е таа која се закануваше кон пратеници, дури и потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами

Од:

„Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами.

Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес.

Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци нема да им успеат“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија