СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски не отстапува одбрана на криминалот

Од:

Расте нервозата кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ откако не успеаја преку пласирање на чувствителни информации да саботираат сложена полициска акција против група која незаконски издавала патни исправи. Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да биде вмешана во скандали со патни исправи велат од СДСМ во соопштение.

„Зад нив е скандалот со гласачите од Пустец на локалните избори во Општина Центар во 2013 година, кои преку документи издадени од МВР беа впишувани повеќе од 100 лица на една иста адреса, во обид да се фалсификува волјата на граѓаните. Во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за сериозни кривични дела“ – стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат