СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против заедништвото, ниту една постапка на антизпадниот Мицкоски нема да го закочи напредокот на Македонија

Од:

„Со секоја своја постапка ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски покажуваат дека се против заедништвото, против напредокот, против европските вредности и концептот едно општество за сите.

Неоснованите иницијативи, пласираните невистини и деструкцијата на антизпадниот Мицкоски, здружен со Јанко Бачев, нема да го поткопа концептот едно општество за сите, нема да го спречи напредокот на Македонија.

Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен како што тврди антинародното ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека е во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.

Прв официјален јазик во Македонија останува македонскиот јазик сега и меѓународно признат од целиот свет.

Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.

Откако Иванов го прекрши Уставот, во надлежност на Собранието и согласно можностите коишто ги дава Уставот, објавувањето на Законот е правен, законски механизам, за Собранието да функционира Собранието.

Не поминуваат деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните силно го поддржаа концептот едно општество за сите и одбраа иднина во ЕУ и НАТО.

Нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на изолација, поделби, омраза и неизвесност“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски