А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против тоа парите да завршат кај граѓаните, тие би сакале во џебовите на фамилијата

by А1он19/06/2019 - 19:08458
Share0

ВМРО-ДПМНЕ е против враќање на повеќе пари назад кај граѓаните, не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните а не во нивниот скапоцен дворец или во џебовите на фамилијата, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Токму ВМРО ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите од граѓаните заради лично богатење додека граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ реализира серија мерки и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во семејствата.

Со мерката поврат на 15 отсто од ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината кај секое семејство.

Ова е последна од низата мерки кои обезбедуваат помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните. Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, намалувањето на извршителските, адвокатските, нотарските и катастарските трошоци, како и воведувањето на европската младинска картичка се намалуваат трошоците но и се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Само со мерката за воведување евтина тарифа над 11 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво. Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ парите ќе продолжат да се враќаат назад кај граѓаните.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен