СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против концептот на едно општество за сите

Од:

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и блокади, коишто предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството. ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес.

Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да блокира еден закон, е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес.

Со таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ е против европските вредности и против концептот на едно општество и уште еднаш докажува дека не се грижи за интересите и потребите на граѓаните, туку дека води ситни, провидни политикантски игри.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Амандманот 5 и истиот не фаворизира и не дискриминира ниту еден јазик, туку ја унапредува употребата на јазиците на сите немнозински заедници што живеат во Македонија. Законот не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во меѓународните односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција.

Секој исчекор кон градењето на едно општество за сите, концептот во кој СДСМ силно верува и којшто доби сериозна поддршка од граѓаните на последните неколку изборни циклуси, е во интерес на Република Македонија и сите нејзини граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он