СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на корупција и затоа измислува лаги

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на корупција, провизии, договорени тендери и криминални интереси и затоа измислува наводни скандали и конструира лаги за мерката што има за цел да им помогне на општините да се справат со наследените долгови.

Најголемиот дел од долговите на општините се резултат токму од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните наместо на реални проекти, безмилосно се трошеа за споменици, луксузи, скапи возила, непродуктивни трошоци и криминални тендери.

Предвидената мерка, не само што ќе им помогне на општините да ги намалат долговите, туку истовремено ќе создаде механизам преку кои во иднина ќе се спречи радикално задолжување и нереално планирање на буџетите на општините.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против општините да се раздолжат и да се заштитат од идни презадолжувања?

Времето на тајно, расипничко и недомаќинско трошење на праите на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција,

Денес, општините и централната власт предводена од СДСМ работат отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните, се санираат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се стабилизираат долговите, а буџетите на општините се креираат согласно потребите на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот